заклопи
Значење на заклопи:
1. Стави заклопка на нешто, покрие, поклопи. Ковчегот беше убаво заклопен со капакот.
2. Затвори книга, врата и сл. Ги заклопи капаците од прозорецот.
3. (прен.) Не зборува, не кажува ништо. Устата му е заклопена.
Коњугација: заклопат.
Изведени зборови:
- заклопување, глаг. им. ср.
- се ~ заклопи, Се затвори нешто. Вратата се заклопи.
- (се) заклопува, глаг. несв. (се) заклопуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Заклопи очи – 1. Умре. 2. Заспие.
Оригинални податоци:
заклопи, заклопат св. 1. Стави заклопка на нешто, покрие, поклопи. Ковчегот беше убаво заклопен со капакот. 2. Затвори книга, врата и сл. Ги заклопи капаците од прозорецот. 3. (прен.) Не зборува, не кажува ништо. Устата му е заклопена. ● се ~ Се затвори нешто. Вратата се заклопи. ◊ Заклопи очи – 1. Умре. 2. Заспие. ‖ (се) заклопува, (се) заклопуваат несв. ‖ глаг. им. заклопување ср.