заклучи
Значење на заклучи:
1. Затвори со клуч. Тој ги заклучи фиоките на бирото. Ја заклучи надворешната врата.
2. Стави под клуч некого или нешто. Тој ги заклучил децата во куќата. Бакалот ги заклучи вреќите со брашно во визбата.
3. Изведе, донесе заклучок; констатира. Важно е да заклучат дека си чесен и побожен човек. Тој заклучи дека работата е сериозна.
4. Заврши, стави крај на нешто. Претседавачот го заклучи состанокот доцна попладне.
5. За сметка – направи завршна пресметка. Тие ги заклучија сметките за овој месец.
Коњугација: заклучат.
Изведени зборови:
- заклучување, глаг. им. ср.
- се ~ заклучи, Се затвори со клуч. Таа се заклучи во собата и почна да плаче.
- (се) заклучува, глаг. несв. (се) заклучуваат
Оригинални податоци:
заклучи, заклучат св. 1. Затвори со клуч. Тој ги заклучи фиоките на бирото. Ја заклучи надворешната врата. 2. Стави под клуч некого или нешто. Тој ги заклучил децата во куќата. Бакалот ги заклучи вреќите со брашно во визбата. 3. Изведе, донесе заклучок; констатира. Важно е да заклучат дека си чесен и побожен човек. Тој заклучи дека работата е сериозна. 4. Заврши, стави крај на нешто. Претседавачот го заклучи состанокот доцна попладне. 5. За сметка – направи завршна пресметка. Тие ги заклучија сметките за овој месец. ● се ~ Се затвори со клуч. Таа се заклучи во собата и почна да плаче. ‖ (се) заклучува, (се) заклучуваат несв. ‖ глаг. им. заклучување ср.