заколне

Глагол, свршен

Значење на заколне:

1. Побара од некого да направи нешто со заколнување; стави некого под клетва. Го заколна да не кажува никому ништо за тоа.

2. (ретко) Почне да колне, да проколнува. Откако војниците заминаа, таа заколна по нив.

Коњугација: заколнаа , заколнав , заколнал , заколнат , заколнат , заколнете , заколни , (ќе) заколнеа , (ќе) заколнев , (ќе) заколнел.

Изведени зборови:

  • заколнување, глаг. им. ср. заколнување, PLUR_заколнувања Му се обрати со молби и со заколнувања.
  • се ~ заколне, 1. Даде клетва, ветување. Јас се заколнав дека ќе сторам како што ми рече. Се заколнал дека ќе ја одмазди смртта на својот син. 2. Засведочи, докаже нешто со заколнување. Тој се заколна дека никогаш не го видел тој човек.
  • (се) заколнува, глаг. несв. (се) заколнуваат

Оригинални податоци:

заколне, заколнат; заколни, заколнете; заколнав, заколнаа; заколнал; заколнат; (ќе) заколнев, (ќе) заколнеа; (ќе) заколнел св. 1. Побара од некого да направи нешто со заколнување; стави некого под клетва. Го заколна да не кажува никому ништо за тоа. 2. (ретко) Почне да колне, да проколнува. Откако војниците заминаа, таа заколна по нив. ● се ~ 1. Даде клетва, ветување. Јас се заколнав дека ќе сторам како што ми рече. Се заколнал дека ќе ја одмазди смртта на својот син. 2. Засведочи, докаже нешто со заколнување. Тој се заколна дека никогаш не го видел тој човек. ‖ (се) заколнува, (се) заколнуваат несв. ‖ глаг. им. заколнување, мн. заколнувања ср. Му се обрати со молби и со заколнувања.