закопа

Глагол, свршен

Значење на закопа:

1. Почне да копа. Војниците веднаш закопаа под ридот.

2. Стави, затрупа, скрие нешто во ископана дупка во земјата. Ископавме дупки и внатре го закопавме житото. Тој закопал злато под стариот орев.

3. Покрие, запрета нешто во земја, во песок, во снег и сл. Ги закопа нозете во песокта.

4. (разг.) Погребе мртовец. Стариот игумен го закопаа во дворот на манастирот. Убиениот го закопал крај патот.

5. (прен.) Доведе некого во состојба да се почувствува победен, поразен, да изгуби углед и сл. Тие докази го закопаа. Таквите непромислени постапки го закопаа.

Коњугација: закопаат.

Изведени зборови:

  • закопување, глаг. им. ср.
  • се ~ закопа, 1. Се пикне во земја и сл. Кртот се закопа во земјата. Тој се закопа во снегот. 2. (прен.) Заглави, западне во непријатна ситуација. Тој се закопа во долгови.
  • (се) закопува, глаг. несв. (се) закопуваат

Оригинални податоци:

закопа, закопаат св. 1. Почне да копа. Војниците веднаш закопаа под ридот. 2. Стави, затрупа, скрие нешто во ископана дупка во земјата. Ископавме дупки и внатре го закопавме житото. Тој закопал злато под стариот орев. 3. Покрие, запрета нешто во земја, во песок, во снег и сл. Ги закопа нозете во песокта. 4. (разг.) Погребе мртовец. Стариот игумен го закопаа во дворот на манастирот. Убиениот го закопал крај патот. 5. (прен.) Доведе некого во состојба да се почувствува победен, поразен, да изгуби углед и сл. Тие докази го закопаа. Таквите непромислени постапки го закопаа. ● се ~ 1. Се пикне во земја и сл. Кртот се закопа во земјата. Тој се закопа во снегот. 2. (прен.) Заглави, западне во непријатна ситуација. Тој се закопа во долгови. ‖ (се) закопува, (се) закопуваат несв. ‖ глаг. им. закопување ср.