закопнее
Значење на закопнее:
1. За снег, за мраз – почне да копнее, да се топи. Закопнеаја последните соспи снег.
2. (прен.) Почне да копнее, го обзеде копнеж по некого или по нешто. Таа закопнеа по изгубениот син. Тие закопнеаја по родниот крај.
Коњугација: закопнеав , закопнеаја , закопнеал , закопнеан , закопнеат , закопнеен, закопнеј , закопнејте , (ќе) закопнеев , (ќе) закопнееја , (ќе) закопнеел .
Оригинални податоци:
закопнее, закопнеат; закопнеј, закопнејте; закопнеав, закопнеаја; закопнеал; закопнеан; (ќе) закопнеев, (ќе) закопнееја; (ќе) закопнеел; закопнеен св. 1. За снег, за мраз – почне да копнее, да се топи. Закопнеаја последните соспи снег. 2. (прен.) Почне да копнее, го обзеде копнеж по некого или по нешто. Таа закопнеа по изгубениот син. Тие закопнеаја по родниот крај.