закорави

Глагол, свршен

Значење на закорави:

1. Фати, добие кора. Водата во јазот замрзна и закорави.

2. Стане тврд, корав. Лебот закорави од долгото стоење.

3. (прен.) За срце, за душа, за карактер – престане да чувствува, отрпне, стане бесчувствителен, отпорен на промени. Со годините срцето му закорави. Неговата весела нарав беше закоравела во текот на војната.

Коњугација: закорават.

Изведени зборови:

  • закоравување, глаг. им. ср.
  • се ~ закорави, 1. Се покрие со кора. Околу устата му се закорави пена. 2. Се втврдне, стане корав. Од тешката болест рацете му се закоравија.
  • (се) закоравува, глаг. несв. (се) закоравуваат

Оригинални податоци:

закорави, закорават св. 1. Фати, добие кора. Водата во јазот замрзна и закорави. 2. Стане тврд, корав. Лебот закорави од долгото стоење. 3. (прен.) За срце, за душа, за карактер – престане да чувствува, отрпне, стане бесчувствителен, отпорен на промени. Со годините срцето му закорави. Неговата весела нарав беше закоравела во текот на војната. ● се ~ 1. Се покрие со кора. Околу устата му се закорави пена. 2. Се втврдне, стане корав. Од тешката болест рацете му се закоравија. ‖ (се) закоравува, (се) закоравуваат несв. ‖ глаг. им. закоравување ср.