закрепи

Глагол, свршен

Значење на закрепи:

1. Придржи, за извесно време, некого или нешто да не падне. При излегување од колата возачот го закрепи старецот. Тие ја закрепија вратата што се скрши да не падне.

2. Поткрепи, прицврсти нешто во дадена положба. Напукнатиот ѕид го закрепивме со две греди.

3. (прен.) Зацврсти, засили нешто (идеја, чувство, желба и сл.) кај некого. Тие ја закрепија својата вера со молитва. Ништо не можеше да го закрепи неговиот авторитет во моите очи.

Коњугација: закрепат.

Изведени зборови:

  • закрепување, глаг. им. ср.
  • се ~ закрепи, 1. Се придржи да не падне. Стариот се закрепи со бастунот да не падне. 2. (прен.) Си ја поврати силата, се зацврсти, се освежи. Тие му помогнаа материјално да се закрепи.
  • (се) закрепува, глаг. несв. (се) закрепуваат

Оригинални податоци:

закрепи, закрепат св. 1. Придржи, за извесно време, некого или нешто да не падне. При излегување од колата возачот го закрепи старецот. Тие ја закрепија вратата што се скрши да не падне. 2. Поткрепи, прицврсти нешто во дадена положба. Напукнатиот ѕид го закрепивме со две греди. 3. (прен.) Зацврсти, засили нешто (идеја, чувство, желба и сл.) кај некого. Тие ја закрепија својата вера со молитва. Ништо не можеше да го закрепи неговиот авторитет во моите очи. ● се ~ 1. Се придржи да не падне. Стариот се закрепи со бастунот да не падне. 2. (прен.) Си ја поврати силата, се зацврсти, се освежи. Тие му помогнаа материјално да се закрепи. ‖ (се) закрепува, (се) закрепуваат несв. ‖ глаг. им. закрепување ср.