закрие
Значење на закрие:
1. Покрие малку, донекаде. Ги закри голите раменици со свилен шал.
2. Скрие нешто да не може да се види; прикрие. Го закри влезот од пештерата со камења. Оружјето го закрија во купот слама.
Коњугација: закрив , закриен, закриј , закрија , закријат , закријте , закрил , (ќе) закриев , (ќе) закриеја , (ќе) закриел .
Изведени зборови:
- закривање, глаг. им. ср.
- (се) закрива, глаг. несв. (се) закриваат
- се ~ закрие, 1. Се покрие со нешто. Децата се закрија со ќебето и седнаа покрај огнот. 2. Се скрие, се прикрие. Се закрив зад едно дебело стебло.
Оригинални податоци:
закрие, закријат; закриј, закријте; закрив, закрија; закрил; (ќе) закриев, (ќе) закриеја; (ќе) закриел; закриен св. 1. Покрие малку, донекаде. Ги закри голите раменици со свилен шал. 2. Скрие нешто да не може да се види; прикрие. Го закри влезот од пештерата со камења. Оружјето го закрија во купот слама. ● се ~ 1. Се покрие со нешто. Децата се закрија со ќебето и седнаа покрај огнот. 2. Се скрие, се прикрие. Се закрив зад едно дебело стебло. ‖ (се) закрива, (се) закриваат несв. ‖ глаг. им. закривање ср.