закрои
Значење на закрои:
1. За алишта – почне да крои. Таа закрои нов фустан.
2. Почне да реже лозје. Денес го закроивме лозјето.
3. (прен.) Почне да крои план, да смислува, да подготвува нешто. Тие закроија одмазда за изгубениот другар.
Коњугација: закроија , закрој , закројаа и закроив , закројав , закројал и закроил , закројан и закроен , закројат , закројте , (ќе) закроев , (ќе) закроеја , (ќе) закроел.
Оригинални податоци:
закрои, закројат; закрој, закројте; закројав, закројаа и закроив, закроија; закројал и закроил; закројан и закроен; (ќе) закроев, (ќе) закроеја; (ќе) закроел св. 1. За алишта – почне да крои. Таа закрои нов фустан. 2. Почне да реже лозје. Денес го закроивме лозјето. 3. (прен.) Почне да крои план, да смислува, да подготвува нешто. Тие закроија одмазда за изгубениот другар.