закрпи

Глагол, свршен

Значење на закрпи:

1. За распарано и скинато – со крпење, со шиење поправи оштетена облека. Кошулата му беше закрпена близу јаката.

2. За дупнато – покрие со калај, поправи оштетени посатки и др. Калајџијата ни ги закрпи двете дупнати тепсии.

3. Се грижи за некого, му ја крпи облеката некому. Откога остана вдовец, немаше кој ни да го испере, ни да го закрпи.

4. (прен.) Поправи, среди нешто делумно, донекаде. Дури приквечер го закрпија мостот.

Коњугација: закрпат.

Изведени зборови:

  • закрпување, глаг. им. ср.
  • се ~ закрпи, Искрпи нешто на себеси, своја облека. Едвај се закрпив, толку што бев искината од тоа пусто куче.
  • (се) закрпува, глаг. несв. (се) закрпуваат

Оригинални податоци:

закрпи, закрпат св. 1. За распарано и скинато – со крпење, со шиење поправи оштетена облека. Кошулата му беше закрпена близу јаката. 2. За дупнато – покрие со калај, поправи оштетени посатки и др. Калајџијата ни ги закрпи двете дупнати тепсии. 3. Се грижи за некого, му ја крпи облеката некому. Откога остана вдовец, немаше кој ни да го испере, ни да го закрпи. 4. (прен.) Поправи, среди нешто делумно, донекаде. Дури приквечер го закрпија мостот. ● се ~ Искрпи нешто на себеси, своја облека. Едвај се закрпив, толку што бев искината од тоа пусто куче. ‖ (се) закрпува, (се) закрпуваат несв. ‖ глаг. им. закрпување ср.