залак
Значење на залак:
1. Парче леб што наеднаш се става в уста, се џвака и се голта; касај. Одвај го голтна последниот залак. На секој залак испиваше чаша вино. Си пикаше големи залаци во устата.
2. (прен., само едн.) Храна, леб. Тој го сакаше добриот залак. Молеше за залак леб. Каснаа по некој залак.
Множина: залаци.
Изведени зборови:
- залаче, и. ср. мн. залачиња; залче, мн. залчиња дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (ти, му...) ги брои залаците – не дава некому доволно да јаде, внимава колку некој ќе изеде. Ми (ти, му...) застана залакот в грло – од возбуда, од страв и сл. не може да голта. Ми (ти, му...) го зема залакот од уста – ограбува некого; лишува некого од основното за опстанок, од средствата за живот. Си куси од залакот – се лишува од тоа што е најнеопходно. За еден залак леб е страден – многу е сиромашен. Ни еден залак не му се дава – голем скржавец, циција. Голем залак касни, голем збор не вели – внимавај што ќе кажеш. Од првниот залак посладок нема – тоа што прво ќе го заработиш, ќе го земеш, е најдобро, најубаво.
Оригинални податоци:
залак, мн. залаци м. 1. Парче леб што наеднаш се става в уста, се џвака и се голта; касај. Одвај го голтна последниот залак. На секој залак испиваше чаша вино. Си пикаше големи залаци во устата. 2. (прен., само едн.) Храна, леб. Тој го сакаше добриот залак. Молеше за залак леб. Каснаа по некој залак. ◊ Ми (ти, му...) ги брои залаците – не дава некому доволно да јаде, внимава колку некој ќе изеде. Ми (ти, му...) застана залакот в грло – од возбуда, од страв и сл. не може да голта. Ми (ти, му...) го зема залакот од уста – ограбува некого; лишува некого од основното за опстанок, од средствата за живот. Си куси од залакот – се лишува од тоа што е најнеопходно. За еден залак леб е страден – многу е сиромашен. Ни еден залак не му се дава – голем скржавец, циција. Голем залак касни, голем збор не вели – внимавај што ќе кажеш. Од првниот залак посладок нема – тоа што прво ќе го заработиш, ќе го земеш, е најдобро, најубаво. ‖ залаче, мн. залачиња; залче, мн. залчиња ср. дем. и хип.