залее
Значење на залее:
1. Наполни вода од чешма, од бунар итн. Таа залеа вода од изворот.
2. Навади, полее растенија, градинарски култури. Заборави да ги залее цвеќињата.
3. (прен.) Зеде да се напие нешто. Ручекот го залеа со црно вино.
Коњугација: залеав , залеаја , залеал , залеан , залеат , залеј , залејте , (ќе) залеев , (ќе) залееја , (ќе) залеел.
Изведени зборови:
- залева, глаг. несв. залеваат
- залевање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
залее, залеат; залеј, залејте; залеав, залеаја; залеал; залеан; (ќе) залеев, (ќе) залееја; (ќе) залеел св. 1. Наполни вода од чешма, од бунар итн. Таа залеа вода од изворот. 2. Навади, полее растенија, градинарски култури. Заборави да ги залее цвеќињата. 3. (прен.) Зеде да се напие нешто. Ручекот го залеа со црно вино. ‖ залева, залеваат несв. ‖ глаг. им. залевање ср.