залегне
Значење на залегне:
1. Легне за подолго време (поради болест, поради изнемоштеност и сл.); залежи. Старецот залегна во постела.
2. Легне, се спружи на земја, обично за да се скрие од некого или од нешто. Залегнаа и отворија брза стрелба. Залегнал крај една карпа.
3. (прен.) За чувство, за мисла и сл. – остане трајно, се вреже длабоко во свеста. Немир ми залегна во душата.
Коњугација: залегнаа , залегнав , залегнал , залегнат , залегнат , залегнете , залегни , (ќе) залегнеа , (ќе) залегнев , (ќе) залегнел.
Изведени зборови:
- залегнува, глаг. несв. залегнуваат
Оригинални податоци:
залегне, залегнат; залегни, залегнете; залегнав, залегнаа; залегнал; залегнат; (ќе) залегнев, (ќе) залегнеа; (ќе) залегнел св. 1. Легне за подолго време (поради болест, поради изнемоштеност и сл.); сп. залежи. Старецот залегна во постела. 2. Легне, се спружи на земја, обично за да се скрие од некого или од нешто. Залегнаа и отворија брза стрелба. Залегнал крај една карпа. 3. (прен.) За чувство, за мисла и сл. – остане трајно, се вреже длабоко во свеста. Немир ми залегна во душата. ‖ залегнува, залегнуваат несв.