залепи
Значење на залепи:
1. Спои, состави нешто со лепење. Таа ги залепи сликите во албумот. Тој фати светулка и со рака ја залепи на челото.
2. (прен.) Сосема приближи, допре дел од телото до некого или до нешто. Детето го залепи лицето на стаклото.
3. (прен.) Ми (ти, му...) удри шлаканица некому. Му залепи шлаканица на детето.
Коњугација: залепат.
Изведени зборови:
- залепување, глаг. им. ср.
- се ~ залепи, 1. Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто. Калта се залепи за тркалата на колата. Неколку пијавици му се залепиле за нозете. 2. (прен.) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или до нешто. Се залепи до ѕидот од куќата. Шамијата ѝ се залепила за косата.
- (се) залепува, глаг. несв. (се) залепуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Плукни залепи – направи нешто како било, набрзина.
Оригинални податоци:
залепи, залепат св. 1. Спои, состави нешто со лепење. Таа ги залепи сликите во албумот. Тој фати светулка и со рака ја залепи на челото. 2. (прен.) Сосема приближи, допре дел од телото до некого или до нешто. Детето го залепи лицето на стаклото. 3. (прен.) Ми (ти, му...) удри шлаканица некому. Му залепи шлаканица на детето. ● се ~ 1. Се спои, се состави едно нешто со (за/на) друго нешто. Калта се залепи за тркалата на колата. Неколку пијавици му се залепиле за нозете. 2. (прен.) Се приближи, се допре, се припои до (кон/за) некого или до нешто. Се залепи до ѕидот од куќата. Шамијата ѝ се залепила за косата. ◊ Плукни залепи – направи нешто како било, набрзина. ‖ (се) залепува, (се) залепуваат несв. ‖ глаг. им. залепување ср.