залез
Само во еднина.
Значење на залез:
1. Заоѓање на сонцето зад хоризонтот; заод, зајдисонце; изгрев. Залез на сонцето. Од изгрев до залез работеше по нивите.
2. Време на заоѓање на сонцето. Залезот во рамницата не трае долго.
3. (прен.) Крај, завршеток на нешто. Бурниот ден е на залез.
Оригинални податоци:
залез (само едн.) м. 1. Заоѓање на сонцето зад хоризонтот; заод, зајдисонце; спрот. изгрев. Залез на сонцето. Од изгрев до залез работеше по нивите. 2. Време на заоѓање на сонцето. Залезот во рамницата не трае долго. 3. (прен.) Крај, завршеток на нешто. Бурниот ден е на залез.