залежи
Значење на залежи:
1. Почне да лежи (обично од болест). Детето залежа болно пред една недела.
2. Лежи подолго време поради болест. Таа залежа, еве веќе втора година.
Коњугација: залежаа , залежав , залежал , залежан , залежат , залежен, залежете , залежи , (ќе) залежеа , (ќе) залежев , (ќе) залежел .
Изведени зборови:
- залежување, глаг. им. ср.
- се ~ залежи, Остане на постела подолго време. Таа се залежа долго во постела.
- (се) залежува, глаг. повт. (се) залежуваат
Оригинални податоци:
залежи, залежат; залежи, залежете; залежав, залежаа; залежал; залежан; (ќе) залежев, (ќе) залежеа; (ќе) залежел; залежен св. 1. Почне да лежи (обично од болест). Детето залежа болно пред една недела. 2. Лежи подолго време поради болест. Таа залежа, еве веќе втора година. ● се ~ Остане на постела подолго време. Таа се залежа долго во постела. ‖ (се) залежува, (се) залежуваат повт. ‖ глаг. им. залежување ср.