заличи

Глагол, свршен

Значење на заличи:

1. Почне да личи на нешто или на некого, да изгледа како нешто или како некого. Ќе ти направам нов костум да заличиш на човек. Гласот на командантот заличи на татнеж.

2. Накити, украси, разубави нешто. Откога дојдовте вие, ми ја заличивте куќата. Цвеќињата ја заличија собата.

Коњугација: заличат.

Изведени зборови:

  • заличува, глаг. несв. заличуваат

Оригинални податоци:

заличи, заличат св. 1. Почне да личи на нешто или на некого, да изгледа како нешто или како некого. Ќе ти направам нов костум да заличиш на човек. Гласот на командантот заличи на татнеж. 2. Накити, украси, разубави нешто. Откога дојдовте вие, ми ја заличивте куќата. Цвеќињата ја заличија собата. ‖ заличува, заличуваат несв.