залив
Значење на залив:
Дел од море, од езеро или од поголема река што навлегува во копното. Се шетавме покрај заливот. Брегот на заливот е непристапен.Множина: заливи.
Изведени зборови:
- заливче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
залив, мн. заливи м. Дел од море, од езеро или од поголема река што навлегува во копното. Се шетавме покрај заливот. Брегот на заливот е непристапен. ‖ заливче, мн. заливчиња ср. дем.