заљуби
Значење на заљуби:
Почувствува љубов спрема некого, засака некого. Тој ја заљубил поповата ќерка и ја зел за жена.Коњугација: заљубат.
Изведени зборови:
- заљубување, глаг. им. ср.
- се ~ заљуби, Се вљуби во некого, се засака со некого. Тој се заљуби на стари години. Тие се заљубија еден во друг.
- (се) заљубува, глаг. несв. (се) заљубуваат
Оригинални податоци:
заљуби, заљубат св. Почувствува љубов спрема некого, засака некого. Тој ја заљубил поповата ќерка и ја зел за жена. ● се ~ Се вљуби во некого, се засака со некого. Тој се заљуби на стари години. Тие се заљубија еден во друг. ‖ (се) заљубува, (се) заљубуваат несв. ‖ глаг. им. заљубување ср.