заложи
Значење на заложи:
1. Даде, остави нешто во залог. Тој ја заложи куќата. Таа го заложила златниот прстен.
2. (прен.) Даде, направи жртва, жртвува нешто. Тој го заложи својот млад живот.
Коњугација: заложат.
Изведени зборови:
- глаг. несв. (се) заложува, (се) заложуваат/(се) залага, (се) залагаат
- се ~ заложи, Се зазее, се застапи, се ангажира за нешто. Ние ќе се заложиме за економски промени. Тие се заложиле за негово ослободување од затворот.
Оригинални податоци:
заложи, заложат св. 1. Даде, остави нешто во залог. Тој ја заложи куќата. Таа го заложила златниот прстен. 2. (прен.) Даде, направи жртва, жртвува нешто. Тој го заложи својот млад живот. ● се ~ Се зазее, се застапи, се ангажира за нешто. Ние ќе се заложиме за економски промени. Тие се заложиле за негово ослободување од затворот. ‖ (се) заложува, (се) заложуваат/(се) залага, (се) залагаат несв. ‖ глаг. им. заложување/залагање ср.