замае

Глагол, свршен

Значење на замае:

1. Забави, завртка, задржи некого. Сосетката ме замаја, та затоа задоцнив.

2. Занесе некого со нешто. Тој ја замаја девојката со слатки ветувања. Залезот на сонцето го замаја момчето.

3. Зашемети, замелуши. Алкохолот му ја замајал главата.

Коњугација: замаам , замаат , замај , замајаа , замајав , замајал , замајан , замајте , (ќе) замаев , (ќе) замаеја , (ќе) замаел.

Изведени зборови:

  • замајување, глаг. им. ср.
  • се ~ замае, 1. Се забави, се завртка, се задржи. Се замајав со децата и задоцнив на работа. 2. Се занесе. Таа се замаја од убавата глетка. 3. Се зашемети, се замелуши. Се замајале од силниот мирис.
  • (се) замајува, глаг. несв. (се) замајуваат

Оригинални податоци:

замае, замаам, замаат; замај, замајте; замајав, замајаа; замајал; замајан; (ќе) замаев, (ќе) замаеја; (ќе) замаел св. 1. Забави, завртка, задржи некого. Сосетката ме замаја, та затоа задоцнив. 2. Занесе некого со нешто. Тој ја замаја девојката со слатки ветувања. Залезот на сонцето го замаја момчето. 3. Зашемети, замелуши. Алкохолот му ја замајал главата. ● се ~ 1. Се забави, се завртка, се задржи. Се замајав со децата и задоцнив на работа. 2. Се занесе. Таа се замаја од убавата глетка. 3. Се зашемети, се замелуши. Се замајале од силниот мирис. ‖ (се) замајува, (се) замајуваат несв. ‖ глаг. им. замајување ср.