замагли

Глагол, свршен

Значење на замагли:

1. Покрие, прекрие со магла. Маглата што падна вчера го замагли градот.

2. (прен.) Покрие, прекрие со чад, со прав и др. Правот што се крена од ветрот го замагли хоризонтот. Чадот од цигарите ја замагли просторијата.

3. (прен.) За поглед, за мисла и др. – направи да биде нејасен, неопределен. Влажните клепки му го замаглија видот.

Коњугација: замаглат.

Изведени зборови:

  • замаглување, глаг. им. ср.
  • се ~ замагли, 1. Се покрие, се прекрие со магла. Селото се замагли од густата магла. 2. Се покрие, се прекрие со чад, со прав и др. Стаклото на прозорецот се замагли од неговиот здив. 3. (прен.) За поглед, за мисла и др. – стане нејасен, неопределен. Свеста му се замагли. Очите ѝ се замаглија од солзи.
  • (се) замаглува, глаг. несв. (се) замаглуваат

Оригинални податоци:

замагли, замаглат св. 1. Покрие, прекрие со магла. Маглата што падна вчера го замагли градот. 2. (прен.) Покрие, прекрие со чад, со прав и др. Правот што се крена од ветрот го замагли хоризонтот. Чадот од цигарите ја замагли просторијата. 3. (прен.) За поглед, за мисла и др. – направи да биде нејасен, неопределен. Влажните клепки му го замаглија видот. ● се ~ 1. Се покрие, се прекрие со магла. Селото се замагли од густата магла. 2. Се покрие, се прекрие со чад, со прав и др. Стаклото на прозорецот се замагли од неговиот здив. 3. (прен.) За поглед, за мисла и др. – стане нејасен, неопределен. Свеста му се замагли. Очите ѝ се замаглија од солзи. ‖ (се) замаглува, (се) замаглуваат несв. ‖ глаг. им. замаглување ср.