замав
Само во еднина.
Значење на замав:
1. Силно и енергично движење со крената рака, обично при удар или при фрлање. Со еден замав го фрли противникот во калта. Со брз замав го тргна јорганот.
2. (прен.) Силина, налет на нешто; брз развој. Кризата зема сè повеќе замав. Творечки замав.
Оригинални податоци:
замав (само едн.) м. 1. Силно и енергично движење со крената рака, обично при удар или при фрлање. Со еден замав го фрли противникот во калта. Со брз замав го тргна јорганот. 2. (прен.) Силина, налет на нешто; брз развој. Кризата зема сè повеќе замав. Творечки замав.