замавне

Глагол, свршен

Значење на замавне:

1. Направи замав со рака или со нешто во раката (обично за да удри по некого или по нешто). Тој замавна со раката и ме турна назад. Замавнав со стапот низ воздухот. Тој замавна со сабјата.

2. Направи замав со глава како знак за нешто; заклима. Таа одречно замавна со главата.

Коњугација: замавнаа , замавнав , замавнал , замавнат , замавнат , замавнете , замавни , (ќе) замавнеа , (ќе) замавнев , (ќе) замавнел.

Изведени зборови:

  • замавнува, глаг. несв. замавнуваат
  • замавнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

замавне, замавнат; замавни, замавнете; замавнав, замавнаа; замавнал; замавнат; (ќе) замавнев, (ќе) замавнеа; (ќе) замавнел св. 1. Направи замав со рака или со нешто во раката (обично за да удри по некого или по нешто). Тој замавна со раката и ме турна назад. Замавнав со стапот низ воздухот. Тој замавна со сабјата. 2. Направи замав со глава како знак за нешто; заклима. Таа одречно замавна со главата. ‖ замавнува, замавнуваат несв. ‖ глаг. им. замавнување ср.