замазни
Значење на замазни:
1. Направи нешто да стане мазно. Градинарот ја замазни леата со гребло. Таа си го замазни фустанот со пеглата.
2. За коса и др. – залиже. Тој се изми и ја замазни косата.
3. (прен.) Среди, поправи работа, впечаток и др. Тој се обиде да ја замазни работата.
Коњугација: замазнат.
Изведени зборови:
- замазнување, глаг. им. ср.
- се ~ замазни, 1. За коса и др. – се залиже. Таа се замазни во косата и излезе. 2. За надворешен изглед – се дотера, се доведе во определен ред. Тој се замазни набрзина и отиде на состанок.
- (се) замазнува, глаг. несв. (се) замазнуваат
Оригинални податоци:
замазни, замазнат св. 1. Направи нешто да стане мазно. Градинарот ја замазни леата со гребло. Таа си го замазни фустанот со пеглата. 2. За коса и др. – залиже. Тој се изми и ја замазни косата. 3. (прен.) Среди, поправи работа, впечаток и др. Тој се обиде да ја замазни работата. ● се ~ 1. За коса и др. – се залиже. Таа се замазни во косата и излезе. 2. За надворешен изглед – се дотера, се доведе во определен ред. Тој се замазни набрзина и отиде на состанок. ‖ (се) замазнува, (се) замазнуваат несв. ‖ глаг. им. замазнување ср.