замени

Глагол, свршен

Значење на замени:

1. Изврши размена, даде едно нешто за да добие друго нешто. Тој го замени својот стан за два помали. Селанецот го замени житото за волна.

2. Стави нешто ново, друго на местото на старо, искористено, скршено итн. Ги замениле скршените оски на колата. Глаголицата била заменета со кирилица.

3. Побрка, смеша едно нешто со друго исто или слично нешто. Некој ми го заменил мојот молив со друг. Тие си ги заменија капите.

4. Одмени, смени некого, презее некоја работа, должност и сл. на местото од друг. Тој го замени главниот актер во една сцена од филмот. Снаата ја замени свекрвата во домашните работи.

5. Настапи промена, нова состојба (за природни појави, за психички состојби на човекот итн.). Невремето што беснееше цел час наеднаш го замени сонце. Трепетот помина, го замени тага. Запрепастување ја замени одушевеноста.

Коњугација: заменат.

Изведени зборови:

  • заменување, глаг. им. ср.
  • се ~ замени, Се смени со некого во вршењето на некоја работа, должност и сл.; направи меѓусебна размена. Тие се заменија на работните места.
  • (се) заменува, глаг. несв. (се) заменуваат

Оригинални податоци:

замени, заменат св. 1. Изврши размена, даде едно нешто за да добие друго нешто. Тој го замени својот стан за два помали. Селанецот го замени житото за волна. 2. Стави нешто ново, друго на местото на старо, искористено, скршено итн. Ги замениле скршените оски на колата. Глаголицата била заменета со кирилица. 3. Побрка, смеша едно нешто со друго исто или слично нешто. Некој ми го заменил мојот молив со друг. Тие си ги заменија капите. 4. Одмени, смени некого, презее некоја работа, должност и сл. на местото од друг. Тој го замени главниот актер во една сцена од филмот. Снаата ја замени свекрвата во домашните работи. 5. Настапи промена, нова состојба (за природни појави, за психички состојби на човекот итн.). Невремето што беснееше цел час наеднаш го замени сонце. Трепетот помина, го замени тага. Запрепастување ја замени одушевеноста. ● се ~ Се смени со некого во вршењето на некоја работа, должност и сл.; направи меѓусебна размена. Тие се заменија на работните места. ‖ (се) заменува, (се) заменуваат несв. ‖ глаг. им. заменување ср.