замеша

Глагол, свршен

Значење на замеша:

1. Направи смеса од нешто, спои во една целина две или повеќе нешта. Во еден подлабок сад, таа ги замеша брашното, млекото и јајцата.

2. (прен.) Вклучи некого во некој непријатен настан, чин, случка и сл. Секретарката го замеша и директорот во нејзините сплетки.

3. (прен.) Заплетка некоја работа, ситуација и сл. Тој ја замеша сета оваа работа.

Коњугација: замешаат.

Изведени зборови:

  • замешување, глаг. им. ср.
  • се ~ замеша, 1. Се приклучи кон некаква група, кон некакво мноштво, маса. Тој се замешал меѓу шетачите на корзото. Тие се замешаа во луѓето што ја исполнуваа црквата. 2. (прен.) Се вклучи, се вмеша во некаков чин, настан, случка и сл. Тој се замеша во разговорт. Во ограбувањето се замешаа и некои селани.
  • (се) замешува, глаг. несв. (се) замешуваат

Оригинални податоци:

замеша, замешаат св. 1. Направи смеса од нешто, спои во една целина две или повеќе нешта. Во еден подлабок сад, таа ги замеша брашното, млекото и јајцата. 2. (прен.) Вклучи некого во некој непријатен настан, чин, случка и сл. Секретарката го замеша и директорот во нејзините сплетки. 3. (прен.) Заплетка некоја работа, ситуација и сл. Тој ја замеша сета оваа работа. ● се ~ 1. Се приклучи кон некаква група, кон некакво мноштво, маса. Тој се замешал меѓу шетачите на корзото. Тие се замешаа во луѓето што ја исполнуваа црквата. 2. (прен.) Се вклучи, се вмеша во некаков чин, настан, случка и сл. Тој се замеша во разговорт. Во ограбувањето се замешаа и некои селани. ‖ (се) замешува, (се) замешуваат несв. ‖ глаг. им. замешување ср.