замине
Значење на замине:
1. Тргне да оди, отпатува некаде. Тој замина на печалба. Утре ќе заминеме на годишен одмор. Тие заминале в град.
2. Помине покрај некого или покрај нешто. Тој замина крај мене, но не ме виде. Камионот замина покрај нашата куќа.
3. Одмине, помине без да се задржи некаде, во некое место. Колоната од заробеници го замина селото. Ние ја заминавме продавницата.
4. Напушти определено место, си отиде од некаде. Тој си замина дома. Аргатите ја завршија работата и си заминаа.
5. Отиде, стапи на некаква функција, позиција и сл.; напушти работа и сл. Тој беше готов да замине на должност. Таа замина во пензија.
6. Престигне, надмине, отиде пред некого во одење, во раст, во развој. Детето ги замина другарчињата во растот. Ги стигнавме тие што беа пред нас и ги заминавме.
7. (разг.) За време – помине определен временски период. Пладне беше веќе заминато. Заминало една недела време.
Коњугација: заминаа , заминав , заминал , заминат , заминат , заминете , замини , (ќе) заминеа , (ќе) заминев , (ќе) заминел.
Изведени зборови:
- заминува, глаг. несв. заминуваат
- заминување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
замине, заминат; замини, заминете; заминав, заминаа; заминал; заминат; (ќе) заминев, (ќе) заминеа; (ќе) заминел св. 1. Тргне да оди, отпатува некаде. Тој замина на печалба. Утре ќе заминеме на годишен одмор. Тие заминале в град. 2. Помине покрај некого или покрај нешто. Тој замина крај мене, но не ме виде. Камионот замина покрај нашата куќа. 3. Одмине, помине без да се задржи некаде, во некое место. Колоната од заробеници го замина селото. Ние ја заминавме продавницата. 4. Напушти определено место, си отиде од некаде. Тој си замина дома. Аргатите ја завршија работата и си заминаа. 5. Отиде, стапи на некаква функција, позиција и сл.; напушти работа и сл. Тој беше готов да замине на должност. Таа замина во пензија. 6. Престигне, надмине, отиде пред некого во одење, во раст, во развој. Детето ги замина другарчињата во растот. Ги стигнавме тие што беа пред нас и ги заминавме. 7. (разг.) За време – помине определен временски период. Пладне беше веќе заминато. Заминало една недела време. ‖ заминува, заминуваат несв. ‖ глаг. им. заминување ср.