замлачи
Значење на замлачи:
Направи да биде млако, затопли, стопли малку. Таа го замлачи млекото и му го даде на детето.Коњугација: замлачат.
Изведени зборови:
- замлачување, глаг. им. ср.
- се ~ замлачи, Стане млако, се затопли. Водата во бурето се замлачи од сонцето.
- (се) замлачува, глаг. несв. (се) замлачуваат
Оригинални податоци:
замлачи, замлачат св. Направи да биде млако, затопли, стопли малку. Таа го замлачи млекото и му го даде на детето. ● се ~ Стане млако, се затопли. Водата во бурето се замлачи од сонцето. ‖ (се) замлачува, (се) замлачуваат несв. ‖ глаг. им. замлачување ср.