замолкне

Глагол, свршен

Значење на замолкне:

1. Престане да зборува, да пее и сл. Тој ја наведна главата и замолкна. Жените наеднаш замолкнаа.

2. Натера некого да престане да зборува, да пее и сл. Тој се обиде да ме замолкне. Мајката го замолкна детето да не вика.

3. (прен.) За предмет – престане да испушта звуци. Грамофонот замолкнал. Гуслите замолкнаа.

Коњугација: замолкнаа , замолкнав , замолкнал , замолкнат , замолкнат , замолкнете , замолкни , (ќе) замолкнеа , (ќе) замолкнев , (ќе) замолкнел.

Изведени зборови:

  • замолкнува, глаг. несв. замолкнуваат
  • замолкнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

замолкне, замолкнат; замолкни, замолкнете; замолкнав, замолкнаа; замолкнал; замолкнат; (ќе) замолкнев, (ќе) замолкнеа; (ќе) замолкнел св. 1. Престане да зборува, да пее и сл. Тој ја наведна главата и замолкна. Жените наеднаш замолкнаа. 2. Натера некого да престане да зборува, да пее и сл. Тој се обиде да ме замолкне. Мајката го замолкна детето да не вика. 3. (прен.) За предмет – престане да испушта звуци. Грамофонот замолкнал. Гуслите замолкнаа. ‖ замолкнува, замолкнуваат несв. ‖ глаг. им. замолкнување ср.