замрачи

Глагол, свршен

Значење на замрачи:

1. Направи нешто да стане мрачно, спречи видливост на нешто; затемни. Тој ги замрачи прозорците со ќебиња. Облаците го замрачија хоризонтот.

2. (прен.) Се смурти, се намурти. Темна сенка го замрачи неговото лице.

Коњугација: замрачат.

Изведени зборови:

  • замрачување, глаг. им. ср.
  • се ~ замрачи, 1. безл. Настапи мрак; се затемни. По еден час во шумата веќе се замрачи. Небото наеднаш се замрачи. 2. (прен.) сп. замрачи 2. Неговото лице се замрачи.
  • (се) замрачува, глаг. несв. (се) замрачуваат

Оригинални податоци:

замрачи, замрачат св. 1. Направи нешто да стане мрачно, спречи видливост на нешто; затемни. Тој ги замрачи прозорците со ќебиња. Облаците го замрачија хоризонтот. 2. (прен.) Се смурти, се намурти. Темна сенка го замрачи неговото лице. ● се ~ 1. безл. Настапи мрак; се затемни. По еден час во шумата веќе се замрачи. Небото наеднаш се замрачи. 2. (прен.) сп. замрачи 2. Неговото лице се замрачи. ‖ (се) замрачува, (се) замрачуваат несв. ‖ глаг. им. замрачување ср.