замрежи
Значење на замрежи:
1. Покрие нешто со мрежа. Пајаците ги замрежија сите агли на таванот.
2. За очи, за поглед – замагли. Солзите му го замрежија погледот.
Коњугација: замрежат.
Изведени зборови:
- замрежување, глаг. им. ср.
- се ~ замрежи, За очи, за поглед – се замагли. На старицата ѝ се замрежија очите.
- (се) замрежува, глаг. несв. (се) замрежуваат
Оригинални податоци:
замрежи, замрежат св. 1. Покрие нешто со мрежа. Пајаците ги замрежија сите агли на таванот. 2. За очи, за поглед – замагли. Солзите му го замрежија погледот. ● се ~ За очи, за поглед – се замагли. На старицата ѝ се замрежија очите. ‖ (се) замрежува, (се) замрежуваат несв. ‖ глаг. им. замрежување ср.