замркне
Значење на замркне:
1. Дочека мрак, ноќ. Замркнавме пред да влеземе во селото.
2. безл. Ме (те, го...) фати мрак, го стемни (на пат, при некоја работа и сл.). Додека да се врати, ќе го замркне.
Коњугација: замркнаа , замркнав , замркнал , замркнат , замркнат , замркнете , замркни , (ќе) замркнеа , (ќе) замркнев , (ќе) замркнел.
Изведени зборови:
- замркнува, глаг. несв. замркнуваат
- замркнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
замркне, замркнат; замркни, замркнете; замркнав, замркнаа; замркнал; замркнат; (ќе) замркнев, (ќе) замркнеа; (ќе) замркнел св. 1. Дочека мрак, ноќ. Замркнавме пред да влеземе во селото. 2. безл. Ме (те, го...) фати мрак, го стемни (на пат, при некоја работа и сл.). Додека да се врати, ќе го замркне. ‖ замркнува, замркнуваат несв. ‖ глаг. им. замркнување ср.