замрзне
Значење на замрзне:
1. За течности – мине во состојба на мраз, стане мраз. Ноќеска замрзнала водата во цевките.
2. За поток, за река и сл. – фати мраз, се покрие со мраз. Јазот покрај нашата куќа замрзнал.
3. Измрзне, изѕемне, се вкочани од студ. Тој замрзна чекајќи го возот.
4. а) Умре, мине во состојба на смрт, на безживотност од голем студ. Двајцата ранети партизани замрзнале во планината. На реката замрзнало јато диви гуски. б) За предмет што содржи вода. Јаболката во горната соба замрзнаа.
5. Доведе нешто во состојба на мраз заради чување. Тие ја замрзнаа целата зимница во сандак за длабоко замрзнувње.
6. (прен.) Остане неподвижен, вкочанет поради силна возбуда, страв и сл. Децата зинаа од чудо, им замрзнаа малите очи. На лицето му замрзна студена насмевка.
7. (прен.) Привремено прекине, запре некакво дејствување, процес, постапка итн. По инцидентот ги замрзнаа односите.
Коњугација: замрзнаа , замрзнав , замрзнал , замрзнат , замрзнат , замрзнете , замрзни , (ќе) замрзнеа , (ќе) замрзнев , (ќе) замрзнел.
Изведени зборови:
- замрзнување, глаг. им. ср.
- се ~ замрзне, 1. Се претвори во мраз. Ноќеска водата се замрзнала. 2. сп. замрзне 4. Старецот се замрзнал в планина заедно со козите што ги пасел.
- (се) замрзнува, глаг. несв. (се) замрзнуваат
Оригинални податоци:
замрзне, замрзнат; замрзни, замрзнете; замрзнав, замрзнаа; замрзнал; замрзнат; (ќе) замрзнев, (ќе) замрзнеа; (ќе) замрзнел св. 1. За течности – мине во состојба на мраз, стане мраз. Ноќеска замрзнала водата во цевките. 2. За поток, за река и сл. – фати мраз, се покрие со мраз. Јазот покрај нашата куќа замрзнал. 3. Измрзне, изѕемне, се вкочани од студ. Тој замрзна чекајќи го возот. 4. а) Умре, мине во состојба на смрт, на безживотност од голем студ. Двајцата ранети партизани замрзнале во планината. На реката замрзнало јато диви гуски. б) За предмет што содржи вода. Јаболката во горната соба замрзнаа. 5. Доведе нешто во состојба на мраз заради чување. Тие ја замрзнаа целата зимница во сандак за длабоко замрзнувње. 6. (прен.) Остане неподвижен, вкочанет поради силна возбуда, страв и сл. Децата зинаа од чудо, им замрзнаа малите очи. На лицето му замрзна студена насмевка. 7. (прен.) Привремено прекине, запре некакво дејствување, процес, постапка итн. По инцидентот ги замрзнаа односите. ● се ~ 1. Се претвори во мраз. Ноќеска водата се замрзнала. 2. сп. замрзне 4. Старецот се замрзнал в планина заедно со козите што ги пасел. ‖ (се) замрзнува, (се) замрзнуваат несв. ‖ глаг. им. замрзнување ср.