замуабети
Разговорен збор, израз.
Значење на замуабети:
1. Почне да прави муабет. Двете жени гласно замуабетија.
2. Задржи некого со муабет, одврати нечие внимание од нешто друго. Таа ме замуабети, па затоа не дојдов навреме.
Коњугација: замуабетат.
Изведени зборови:
- се ~ замуабети, Се занесе во муабет. Се замуабетивме и не видовме кога помина полноќ.
Оригинални податоци:
замуабети, замуабетат св. (разг.) 1. Почне да прави муабет. Двете жени гласно замуабетија. 2. Задржи некого со муабет, одврати нечие внимание од нешто друго. Таа ме замуабети, па затоа не дојдов навреме. ● се ~ Се занесе во муабет. Се замуабетивме и не видовме кога помина полноќ.