занает
Значење на занает:
1. Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, со машини) од стручно оспособени лица. Ѕидарски занает. Столарски занает. Терзиски занает.
2. Занимање, професија, струка. Мој занает е ткаењето. Тој е бербер по занает.
3. (прен.) Вештина, умешност, знаење. Секоја работа си бара занает.
Множина: занаети.
Фразеолошки израз / поговорка:
Од занаетот му е – се разбира во работата. Го испекол занаетот – научил добро да си ја врши работата.
Оригинални податоци:
занает, мн. занаети м. 1. Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, со машини) од стручно оспособени лица. Ѕидарски занает. Столарски занает. Терзиски занает. 2. Занимање, професија, струка. Мој занает е ткаењето. Тој е бербер по занает. 3. (прен.) Вештина, умешност, знаење. Секоја работа си бара занает. ◊ Од занаетот му е – се разбира во работата. Го испекол занаетот – научил добро да си ја врши работата.