занемари

Глагол, свршен

Значење на занемари:

Престане да се грижи, да води сметка за некого или за нешто; запостави, запушти. Синот го занемари имотот и тој почна да пропаѓа. Таа го занемари детето. Тој го занемари учењето.

Коњугација: занемарат.

Изведени зборови:

  • занемарување, глаг. им. ср.
  • се ~ занемари, Откога умре старата, стариот сосема се занемари.
  • (се) занемарува, глаг. несв. (се) занемаруваат

Оригинални податоци:

занемари, занемарат св. Престане да се грижи, да води сметка за некого или за нешто; запостави, запушти. Синот го занемари имотот и тој почна да пропаѓа. Таа го занемари детето. Тој го занемари учењето. ● се ~ Откога умре старата, стариот сосема се занемари. ‖ (се) занемарува, (се) занемаруваат несв. ‖ глаг. им. занемарување ср.