занес
Значење на занес:
1. Претерано воодушевување, восхит. Поетски занес. Љубовен занес. Младешки занеси.
2. Замисленост, расеаност. Неговиот глас ја тргна од занесот.
3. Несвесна состојба, бунило, транс. Тој како да падна во занес. Му помина занесот од виното.
Множина: занеси.
Оригинални податоци:
занес, мн. занеси м. 1. Претерано воодушевување, восхит. Поетски занес. Љубовен занес. Младешки занеси. 2. Замисленост, расеаност. Неговиот глас ја тргна од занесот. 3. Несвесна состојба, бунило, транс. Тој како да падна во занес. Му помина занесот од виното.