занесе 1
Значење на занесе:
1. Однесе во определена мера или целосно во друг правец од саканиот. Силниот ветар го занесе кајчето далеку од брегот. Матицата ме занесе и не можев да излезам од реката.
2. Воодушеви, восхити, замае некого. Тој не занесе сите со својот говор. Таа го занесе со својата убавина. Не занесе убавата музика.
Коњугација: занел и занесол , занесат , занесен, занесете , занеси , занесле , занесоа , занесов , (ќе) занесеа , (ќе) занесев , (ќе) занесел .
Изведени зборови:
- занесување, глаг. им. ср. занесување, PLUR_занесувања Тој живееше во свет на фантазии и занесувања.
- се ~ занесе, 1. Се движи, оди нестабилно. Одеднаш тој се занесе и за малку ќе паднеше. Пијаниот се занесе при одењето. 2. Се замисли, потоне во мисли. Тој се занесе во своите мисли. Таа се занесе читајќи ја книгата. 3. Се внесе премногу во нешто, се заборави. Тој се занесе по разни работи. Таа се занесе во работата. Децата се занесоа во играта. 4. Се воодушеви, се восхити од нешто. Таа се занесе од убавите слики. Тој се занел слушајќи музика.
- (се) занесува, глаг. несв. (се) занесуваат
Оригинални податоци:
занесе1, занесат; занеси, занесете; занесов, занесоа; занел и занесол, занесле; (ќе) занесев, (ќе) занесеа; (ќе) занесел; занесен св. 1. Однесе во определена мера или целосно во друг правец од саканиот. Силниот ветар го занесе кајчето далеку од брегот. Матицата ме занесе и не можев да излезам од реката. 2. Воодушеви, восхити, замае некого. Тој не занесе сите со својот говор. Таа го занесе со својата убавина. Не занесе убавата музика. ● се ~ 1. Се движи, оди нестабилно. Одеднаш тој се занесе и за малку ќе паднеше. Пијаниот се занесе при одењето. 2. Се замисли, потоне во мисли. Тој се занесе во своите мисли. Таа се занесе читајќи ја книгата. 3. Се внесе премногу во нешто, се заборави. Тој се занесе по разни работи. Таа се занесе во работата. Децата се занесоа во играта. 4. Се воодушеви, се восхити од нешто. Таа се занесе од убавите слики. Тој се занел слушајќи музика. ‖ (се) занесува, (се) занесуваат несв. ‖ глаг. им. занесување, мн. занесувања ср. Тој живееше во свет на фантазии и занесувања.