занимава

Глагол, несвршен

Значење на занимава:

1. Задржува нечие внимание. Тој ги занимава старите, им чита весници.

2. Забавува некого. Тој ги занимаваше гостите со кажување вицеви.

Коњугација: занимаваат.

Изведени зборови:

  • занимавање, глаг. им. ср.
  • се ~ занимава, 1. Врши (професионално или редовно) определена дејност. Тој се занимава со трговија. Жителите на селото се занимаваат со сточарство. 2. Се забавува. Тие по цел ден се занимаваа со играње карти.

Оригинални податоци:

занимава, занимаваат несв. 1. Задржува нечие внимание. Тој ги занимава старите, им чита весници. 2. Забавува некого. Тој ги занимаваше гостите со кажување вицеви. ● се ~ 1. Врши (професионално или редовно) определена дејност. Тој се занимава со трговија. Жителите на селото се занимаваат со сточарство. 2. Се забавува. Тие по цел ден се занимаваа со играње карти. ‖ глаг. им. занимавање ср.