заниша

Глагол, свршен

Значење на заниша:

1. Почне да ниша; залула. Таа го заниша детето в раце. Девојчето ја заниша лулката во која лежеше бебето. Тој одречно заниша со главата.

2. Придвижи в место, малку залула, затресе. Ветрот ги заниша гранките на крушата. Силен тресок ја заниша вратата.

Коњугација: занишаат.

Изведени зборови:

  • занишување, глаг. им. ср.
  • се ~ заниша, 1. Почне да се ниша; се залула. Жиците се занишаа кога на нив слетаа јато ластовици. Тој се фати за една гранка од дрвото и се заниша. 2. Се придвижи в место, малку се затресе. Јаболкницата се заниша и од неа падна последниот пожолтен лист.
  • (се) занишува, глаг. несв. (се) занишуваат

Оригинални податоци:

заниша, занишаат св. 1. Почне да ниша; залула. Таа го заниша детето в раце. Девојчето ја заниша лулката во која лежеше бебето. Тој одречно заниша со главата. 2. Придвижи в место, малку залула, затресе. Ветрот ги заниша гранките на крушата. Силен тресок ја заниша вратата. ● се ~ 1. Почне да се ниша; се залула. Жиците се занишаа кога на нив слетаа јато ластовици. Тој се фати за една гранка од дрвото и се заниша. 2. Се придвижи в место, малку се затресе. Јаболкницата се заниша и од неа падна последниот пожолтен лист. ‖ (се) занишува, (се) занишуваат несв. ‖ глаг. им. занишување ср.