заокружи

Глагол, свршен

Значење на заокружи:

1. Направи круг околу нешто. Заокружи го точниот одговор на задачата.

2. Опколи, опкружи; заобиколи Само што стигнав до хотелот, ме заокружија неколку полицајци.

3. (прен.) Зголеми износ, сметка до цел број (што обично завршува на нула). Некако се договоривме и ја заокруживме сумата за плаќање на станот.

4. (прен.) Направи, опфати нешто целосно (во излагање, во договарање и сл.). Објавените критики ја заокружија претставата за романот.

Коњугација: заокружат.

Изведени зборови:

  • заокружува, глаг. несв. заокружуваат
  • заокружување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заокружи, заокружат св. 1. Направи круг околу нешто. Заокружи го точниот одговор на задачата. 2. Опколи, опкружи; сп. заобиколи 1. Само што стигнав до хотелот, ме заокружија неколку полицајци. 3. (прен.) Зголеми износ, сметка до цел број (што обично завршува на нула). Некако се договоривме и ја заокруживме сумата за плаќање на станот. 4. (прен.) Направи, опфати нешто целосно (во излагање, во договарање и сл.). Објавените критики ја заокружија претставата за романот. ‖ заокружува, заокружуваат несв. ‖ глаг. им. заокружување ср.