заортачи
Значење на заортачи:
1. Фати ортак, зеде некого за ортак. Заортачи еден од своите другари.
2. Здружи имот, средства. Двајцата побратими ги заортачија нивите.
Коњугација: заортачат.
Изведени зборови:
- заортачување, глаг. им. ср.
- се ~ заортачи, Се здружи, стане ортак со некого. Тој се заортачи со едно момче од соседното село.
- (се) заортачува, глаг. несв. (се) заортачуваат
Оригинални податоци:
заортачи, заортачат св. 1. Фати ортак, зеде некого за ортак. Заортачи еден од своите другари. 2. Здружи имот, средства. Двајцата побратими ги заортачија нивите. ● се ~ Се здружи, стане ортак со некого. Тој се заортачи со едно момче од соседното село. ‖ (се) заортачува, (се) заортачуваат несв. ‖ глаг. им. заортачување ср.