заостри
Значење на заостри:
1. Почне да остри. Од кога го заострил ножот и уште не го наострил.
2. Направи нешто да стане остро. Таа го заостри врвот на моливот.
3. (прен.) Направи нешто да биде полошо, построго. Тој ги заостри односите со шефот.
Коњугација: заострат.
Изведени зборови:
- заострување, глаг. им. ср.
- се ~ заостри, (прен.) Стане полошо, построго. Се заострија судирите меѓу двете страни.
- (се) заострува, глаг. несв. (се) заоструваат
Оригинални податоци:
заостри, заострат св. 1. Почне да остри. Од кога го заострил ножот и уште не го наострил. 2. Направи нешто да стане остро. Таа го заостри врвот на моливот. 3. (прен.) Направи нешто да биде полошо, построго. Тој ги заостри односите со шефот. ● се ~ (прен.) Стане полошо, построго. Се заострија судирите меѓу двете страни. ‖ (се) заострува, (се) заоструваат несв. ‖ глаг. им. заострување ср.