запад
Само во еднина.
Значење на запад:
1. Една од четирите страни на светот на која заоѓа сонцето; спрот: исток. Сонцето веќе сврте кон запад. На запад од градот се простираат овоштарници.
2. (прен.) Земјите од Западна Европа и САД како политички, економски и културен поим – Запад. Отиде на Запад да си ја бара среќата.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дивиот Запад – западниот дел на Северна Америка во времето на населувањето.
Оригинални податоци:
запад (само едн.) м. 1. Една од четирите страни на светот на која заоѓа сонцето; спрот: исток. Сонцето веќе сврте кон запад. На запад од градот се простираат овоштарници. 2. (прен.) Земјите од Западна Европа и САД како политички, економски и културен поим – Запад. Отиде на Запад да си ја бара среќата. ◊ Дивиот Запад – западниот дел на Северна Америка во времето на населувањето.