запаѓа 2
Значење на запаѓа:
1. Пропаѓа, осиромашува. Тој запаѓаше од ден на ден сè повеќе.
2. Замира, изумира. Запаѓаат старите занаети.
3. западне. Тој запаѓа во криза.
Коњугација: запаѓаат.
Изведени зборови:
- запаѓање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
запаѓа2, запаѓаат несв. 1. Пропаѓа, осиромашува. Тој запаѓаше од ден на ден сè повеќе. 2. Замира, изумира. Запаѓаат старите занаети. 3. сп. западне. Тој запаѓа во криза. ‖ глаг. им. запаѓање ср.