запали
Значење на запали:
1. Направи да гори нешто со пламен. Војниците го запалија селото. Тој ја запали куќата на бегот. Гром го запали старото дрво во дворот.
2. Направи да свети нешто, да дава светлина. Сите светилки во куќата беа запалени. Таа ја запали ламбата.
3. Направи да топли нешто, да дава топлина; загрева. Селаните беа запалиле голем оган. Тој ја запали печката и седна до неа да се стопли.
4. За цигара, за свеќа и сл. – направи да гори, да испушта чад, светлина. Тој се потпре на ѕидот и запали цигара. Отиде в црква да се помоли и да запали свеќа.
5. Направи да работи нешто, стави некој механизам во погон. Моторот на камионот веќе беше запален. Штом влегоа, шоферот го запали моторот и автомобилот тргна.
6. (прен.) Воодушеви, восхити со нешто. Со своите зборови, тој ја запали насобраната толпа народ. Тој ги запали гледачите со својот настап.
Коњугација: запалат.
Изведени зборови:
- запалување, глаг. им. ср.
- се ~ запали, 1. Почне да гори. Една искра ја погоди копата сена и таа се запали. Гранките што ги фрли старецот во огнот брзо се запалија. 2. (прен.) Се вцрви. Девојката се запали во лицето. 3. (прен.) Се воодушеви, се восхити. Момчето се запали од нејзините зборови. 4. (прен.) а) Се разгневи, пламне. Тој се запали од мислата за вчерашната случка. б) Ми (ти, му...) се запали крвта – се вознемири, се налути, се разгневи.
- (се) запалува, глаг. несв. (се) запалуваат
Оригинални податоци:
запали, запалат св. 1. Направи да гори нешто со пламен. Војниците го запалија селото. Тој ја запали куќата на бегот. Гром го запали старото дрво во дворот. 2. Направи да свети нешто, да дава светлина. Сите светилки во куќата беа запалени. Таа ја запали ламбата. 3. Направи да топли нешто, да дава топлина; загрева. Селаните беа запалиле голем оган. Тој ја запали печката и седна до неа да се стопли. 4. За цигара, за свеќа и сл. – направи да гори, да испушта чад, светлина. Тој се потпре на ѕидот и запали цигара. Отиде в црква да се помоли и да запали свеќа. 5. Направи да работи нешто, стави некој механизам во погон. Моторот на камионот веќе беше запален. Штом влегоа, шоферот го запали моторот и автомобилот тргна. 6. (прен.) Воодушеви, восхити со нешто. Со своите зборови, тој ја запали насобраната толпа народ. Тој ги запали гледачите со својот настап. ● се ~ 1. Почне да гори. Една искра ја погоди копата сена и таа се запали. Гранките што ги фрли старецот во огнот брзо се запалија. 2. (прен.) Се вцрви. Девојката се запали во лицето. 3. (прен.) Се воодушеви, се восхити. Момчето се запали од нејзините зборови. 4. (прен.) а) Се разгневи, пламне. Тој се запали од мислата за вчерашната случка. б) Ми (ти, му...) се запали крвта – се вознемири, се налути, се разгневи. ‖ (се) запалува, (се) запалуваат несв. ‖ глаг. им. запалување ср.