запалка

Именка, женски род

Значење на запалка:

1. Мала џебна направа што служи, вообичаено, за палење цигари. Во џебот на елекот најде кутија цигари и запалка.

2. Дел од бомба, мина и сл. што предизвикува палење, експлозија. Запалката беше расипана и бомбата не експлодира.

Множина: запалки.

Оригинални податоци:

запалка, мн. запалки ж. 1. Мала џебна направа што служи, вообичаено, за палење цигари. Во џебот на елекот најде кутија цигари и запалка. 2. Дел од бомба, мина и сл. што предизвикува палење, експлозија. Запалката беше расипана и бомбата не експлодира.