запари 2

Глагол, свршен

Значење на запари:

Почне да пржи, да пече (во грло, во уста). Ракијата ме запари во грлото.

Коњугација: запарат.

Изведени зборови:

  • се ~ запари, Се испоти и од потта добие црвенило, се воспали од пот. Се запари под мишките.
  • (се) запарува, глаг. несв. (се) запаруваат

Оригинални податоци:

запари2, запарат св. Почне да пржи, да пече (во грло, во уста). Ракијата ме запари во грлото. ● се ~ Се испоти и од потта добие црвенило, се воспали од пот. Се запари под мишките. ‖ (се) запарува, (се) запаруваат несв.