запаше
Значење на запаше:
1. Врзе, стави нешто околу половината; опаше. Таа си го запаша скутникот и се фати за работа.
2. Закачи нешто на половината со помош на колан. Тој ја запашал сабјата и заминал.
Коњугација: запашаа , запашав , запашал , запашан , запашат , запашете , запаши , (ќе) запашеа , (ќе) запашев , (ќе) запашел.
Изведени зборови:
- запашување, глаг. им. ср.
- се ~ запаше, Се врзе, си стави нешто себеси околу половината; се опаше. Таа се запаша со срмен појас.
- (се) запашува, глаг. несв. (се) запашуваат
Оригинални податоци:
запаше, запашат; запаши, запашете; запашав, запашаа; запашал; запашан; (ќе) запашев, (ќе) запашеа; (ќе) запашел св. 1. Врзе, стави нешто околу половината; опаше. Таа си го запаша скутникот и се фати за работа. 2. Закачи нешто на половината со помош на колан. Тој ја запашал сабјата и заминал. ● се ~ Се врзе, си стави нешто себеси околу половината; се опаше. Таа се запаша со срмен појас. ‖ (се) запашува, (се) запашуваат несв. ‖ глаг. им. запашување ср.